Slide 1
Slide 1

ЗА НАС

Основани во 2004 година, ние сме компанија за извршување на дупчачко-минерски работи со смел, инвентивен и претприемачки дух. Ние се стремиме да обезбедиме квалитет и сигурност и да не ја доведеме во прашање безбедноста во работата без разлика дали е мала или голема.

Користиме контролирани методи на минирање и тесно соработуваме со нашите клиенти за да постигнеме 100% задоволство од секоја експлозија. Имаме екипа која е пријателски настроена кон клиентите со исклучителни познавања во својата професија.

Интегритетот и довербата се камен-темелник на сите наши односи со нашите клиенти, акционери, вработени, заедници, локални самоуправи и останати клиенти со кои комуницираме. Ги почитуваме највисоките етички стандарди при исполнување на нашите ангажмани.

Способноста да се управува со дупчење и минирање може да го направат многу поедноставен животот на вашите инжинери и тимови кои управуваат со проектите.

Во извршувањето на операциите со дупчење и минирање имаме широк опсег на вештини, компетентност, искуство и исклучително ниво на прецизност во извршувањето на работата.

Простор за грешка не постои затоа ние сме совршен партнер за соработка и некому на кого можете да ја доверите работата во целост.